Мухамед Зекири и Бисера Јордановска добија ќерка

,,Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка ❤️❤️❤️🤲🏻🤲🏻🤲🏻
На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г.
Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!!
Амин “-објави Мухамед Зекири, поранешен новинар и пратеник и потпретседател на СДСМ.

Зекири и Јордановска стапија во брак минатата година, по повеќегодишна љубовна врска.

Мухамед Зекири веќе има две ќерки од претходниот брак, а Бисера Јордановска син.