Мухамед Зекири објави дека тој, сопругата и тримесечната ќерка се позитивни на коронавирус

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на својот Фб профил објави дека тој, неговата сопруга и тримесечната ќерка се позитивни на коронавирус.

,,И покрај грижата и придржување кон препораките и контакти со луѓето, би сакал да ве известам дека јас, сопруга и тримесечната ќерка излеговме позитивни на КОВИД 19.
За среќа, јас сум без никакви симптоми, но резултирав позитивно на тестот.
Ако имате малку сомневање, не двоумете се да го посетите лекарот и подложете се на тест“-предупредува Зекири.

Тој изрази жалење затоа што бил во контакт со луѓе изминатите денови, кога не знаел дека е носитеел на вирусот.


,,Во исто време, жалам и се извинувам на сите со кои сум бил во контакт последните денови и можеби ги доведов ненамерно во несакана состојба“-вели Зекири.