Му се заканувале со убиство ако не им ја даде личната карта

Жител на струмичко Ново Село вчера околу 16 часот пријавил дека две лица се обиделе под притисок да му ја земат личната карта за да не гласа, соопштија од МВР.

Г.К. (46) од Ново Село, пријавил кривично дело „повреда на слобода на определување на избирачите“ од страна на лицата С.М. и П.Г. од истото село.

Според неговата пријава на 05.12.2016 година С.М. и П.Г дошле во неговиот дом и му се заканиле дека ќе му ја укинат социјалната помош и дека ќе го убијат доколку не им ја даде личната карта. Тој им подлегнал на притисоците и им ја дал личната карта, но случајот го пријавил во СВР СТрумица.

МВР најави прес коференција за 13 часот и 30 минути на која ќе информира за сите злоупотреби и регистрирани пријави за притисоци.