Ракометен клув Вардар на својата ФБ страница постави видео од приемот кај Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, со коментар: ,,Бројни честитки за шампионската титула на Вардар и на приемот кај Претседателот на државата Стево Пендаровски“.

Но, дури и одењето на нивниот идол , капитенот Стојанче Стоилов на прием во Владата и кај Претседателот, не ги ,,омекна“ тврдокорните противници на оваа владејачка гарнитура, па истурија грст навредливи коментари.

,,Измиј си ги рацете Столе“, ,,Столе ќе фатиш шуга“, ,,И предавниците сакаат да се сликаат со шампиони“, ,,Стоката е толку глупа, што е заразно, пази“, ,, Овие СЕВЕРЏАНИ пљукаа по САМСОНЕНКО, пљукаа по ВАРДАР, по Комити, по МАКЕДОНИЈА, по МАКЕДОНЦИТЕ, а вие сега одите кај нив на прием!?!?!?
АВТОГОЛ! “
– се само некои од коментарите полни со омраза и навреди.

Да потсетиме, РК Варадр, денеска беа на прием во Влада на Република северна Македонија, која ќе им додели 500.000 евра награда и уште 100.000 евра за развој на клубот.

За ова, засега , нема коментари со негативна содржина од навивачите на Вардар сконцетрирани околу навивачката група Комити.