Нагмечени и повредени овци во превртениот брод, неколку се обидуваат да се спасат пливајќи(видео)

Од пристанишниот град Мидија во близина на Констанца во Црно Море, пристигна неверојатна снимка, на која се гледаат илјадници нагмечени, повредени и мртви овци коио настрадаа по превртувањето на товарниот брод ,,The Queen Hind” , кој превезуваше дури 14.000 овци.

Во морската вода покрај накривениот брод се гледаат неколку овци како пливаат и бараат спас.

Во акцијата на спасување учествувале полицајци и пожарникари.