Награди за претставата ,,Љубовни пози на историјата“од Горан Стефановски на меѓународен фестивал во Никшиќ

Претставата „Figurae Veneris Historiae – Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска, на  15. Меѓународен Фестивал на актерот, што се оджа во Нишиќ, Црна Гора, е наградена со три награди.

Награда за споредна женска улога  за актерката Ангела Наумоска
Награда за споредна машка улога за  Зоран Иваноски
Награда за колективна игра во претставата за Народен театар ,,Војдан Чернодрински“од Прилеп.

Четвртата вечер на овој меѓународен фестивал беше посветена на македонскиот драматург и писател Горан Стефановски, кој почина пред три дена во Велика Британија.

Публиката го испрати на последното патување со долготраен аплауз, а режисерот Горан Булајиќ , по одличната изведба на претставата од Горан Стефановски, рече дека актерите со својот бравурозен настап покажаа колку голем автор е Горан Стеафовски.

,,Тој е повторно жив и е меѓу нас. Тоа само театраот го може“-рече Булајиќ.