Наградниот фонд на Вимблдон е зголемен на рекордни 34 милиони фунти

Наградниот фонд на третиот Грен слен турнир во сезоната, Вимблдон, е зголемен  за 7,6 отсто во однос на лани, односно, сега изнесува рекордни 34 милиони фунти. Победниците во сингл ќе инкасираат по 2,25 милиони фунти, а солидна сума на пари ќе заработи и оној кој ќе испадне во првото коло, 39.000 фунти.

Од оваа година тенисерите кои нема да го започнат мечот нема да добијат пари, додека оние кои поради повреда  ќе го предадат ќе заработат половина од сумата, а остатокот ќе му припадне на противникот.

Натпреварувањата во Вимблдон оваа година ќе се одржат од 2 до 15 јули.