Вториот фаворит на Индијан Велс , Рафаел Надал го победи тенисерот од Русија, Карен Качанов со 7-6( 2 ) и 7-6 ( 2 ) и по 17 месеци закажа дуел со Федерер, тоа ќе биде полуфинална пресметка на првиот Мастерс од серијата 1000.

Надал и Качанов го одиграа шестиот дуел, на сите досега победил Надал , шпанецот играше со болки во ногата, бараше и медицински тајм – аут и по 2 часа и 16 минути славеше победа за полфинале со Федерер. Швајцарскиот тенисер води во меѓусебните дуели со Надал , скорот е 23-15.