Надал триумфираше на УС Опен

Во финалето на Отвореното првенство на Америка во Њујорк, триумфираше Шпанецот, Рафаел Надал, совладувајќи го Русинот, Данил Медведев.

Речиси 5 часа игра му беа потребни на Надал за да го порази надежниот Медведев во 5 сета и тоа со резултат, 5:7, 3:6, 7:5, 6:4, 4:6.

Рафа водеше 2:0 во сетови, но потоа Русинот направи пресврт и изедначи 2:2.

За Медведев ова беше прво финале на Грен Слем турнир, додека за Надал ова е 19 титула , а четврта на УС Опен.

На Рафал Надал му недостига само уште еден Грен Слем трофеј за да го стаса Федерер, додека моментално има 3 повеќе од Новак Ѓоковиќ.

Ова финале во Њујорк траше точно 4 часа и 49 минути.