Над 10 милиони заразени од Ковид 19 во светот

Епидемијата на корона вирусот во светот не стивнува. До овој момент СЗО има регистрирано 10.088.576 луѓе заразени со корона вирус.

Од нив досега починале 501.442, а се излечиле 5.466.000 луѓе што значи дека уште половина од заразените се активни случаи.

Најмногу починати и заразени има во САД 2.600.000 луѓе се заразени, а 130.000 луѓе починаа досега.