Назарбаев поднесе оставка, а на последните избори освои 98 проценти од гласовите

,,Одлучив да поднесам оставка“.

Ова го рече на прес конференцијата што ја свика, претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев.

Не ги наведе причините за оставката , меѓутоа рече дека одлуката не била лесна. Оставката стапува на сила веќе утре, а до следните претседателски избори 2020 година функцијата ќе ја извршува претседателот на Горниот дом на Парламентот.

Назарбајев на последните избори во 2015 година освои дури 98 проценти од гласовите.