Интер на „Џузепе Меаца“ ја победи Сампдорија со 2-1 и се зацврсти на третата позиција на табелата во калчо лигата. Интер повторно играше без Икарди кој беше на трибините на овој натпревар.

Интер повторно се мачеше но сепак стигна до трите бода, сите голови постигнати во второто полувреме. Прв поведе Интер со голот на Данило Д’Амрозио во 73 минута, само две минути подоцна, Сампдорија израмни со голот на Габиадини. Победата на Интер му ја донесе Нинголан со погодок во 78 минута.

За Интер ова е втора победа во низа во калчото и трета едно по друго ако ја сметаме и победата во Европа лигата против Рапид Виена. Екипата на Сампдорија е во криза, има три порази на последните три меча во калчото.