Намерно запалени огнови низ Шара и Полог, цела планина и котлина се во димна завеса!

Сите оние кои деновиве, а посебно вчера, ги носел патот низ Полог, се сведоци на една крајно деструктивна и опасна ситуација. Небото воопшто не беше на хоризонтот од чадната завеса создадена од намерно запалените огнови низ котлината и на Шар Планина.

Дел од нив за горњење на остатоците од нивата…

Фото: Е. Лазаревска

… другите за подготовка на дрвото за нелегална сеча.

Фото: Преземено од ,,Го сакам Водно“

И сега, се прашувате како ова никој од надлежните, локалните самоуправи и централната власт не го гледа.

Освен реакција на загрижени граѓани, тук-таму, поретки од оние кои ништо не гледаат и ништо не ги интересира, и на некои еколошки невладини здруженија, нема никаква институционална акција.

Да се спречи, едуцира, казни…ништо.

Така изгледа тетовско-гостиварскиот регион и Шар Планина, во овие сушни есенски денови, полни со прашина и токсичен чад.

Дополнително, вчера во 13.15 часот кај место викано „Голгота“, атар на с.Лисец, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ф.Н.(44) од Тетово. Околу 12.00 часот, на наведеното место, запалил оган за скара, кој се проширил, зафаќајќи површина на сува трева. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Емилија Лазаревска