Намерно изгазени луѓе во пешачка зона во германскиот град Трир, најмалку 4 загинати

Денеска се случи уште една голема трагедија во Германија, намерно предизвикана од лице кое со својот џип влетал во пешачка зона во градот Трир.

Како што објавија германски медиуми, возачот со голема брзина ги газел пешаците, а во оваа голема несреќа загинале најмалку 4 луѓе, меѓу кое бебе и неговиот татко.

Набрзо возачот на џипот е уапсен, а како што пренесува РТЛ станува збор за 51 годишен Германец.

Не се јасни причините и мотивите за оваа трагедија.