Намерно искршена една од новозасадените јапонски цреши на ,,Максим Горки“

Град Скопје во наредниот период ќе го замени скршеното дрво со нова јапонска цреша, се вели во реакцијата.

Апелираат до граѓаните да го чуваат Скопје и во иднина ако забележат, да не се воздржуваат и да пријавуваат вандализам до надлежните органи за да се намалат или спречат ваквите или слични вандализми коишто освен штета, не придонесуваат со ништо друго.

,,Несовесното однесување на поединци не смее да биде одлика на граѓаните на Скопје. Грижата за општото добро е заедничка грижа и сите заедно мора да придонесеме за заштита и подобрување на животната околина во главниот град“-се вели во сооптението.

Град Скопје неодамна ги обнови исушените јапонски цреши на улицата ,,Максим Горки“.