Наместо пред шпанскиот крал, падобранец атерираше на бандера (видео)

Големата свеченост по повод Денот на шпанската државност во Мадрид, помина во знакот на падобранецот Луис Фернандо Позо, кој имаше пех при изведувањето на неговиот скок на парадата пред кралот Фелипе.

Имено, падобранецот направи погрешна процена, па заврши на бандерата сред големиот мтинг и остана да виси на неа на очиглед на присутните, кралот и целата шпанска јавност, бидејќи дефилето се пренесуваше во живо.