Нант официјално соопшти дека го повлекува дресот со број 9 во чест на починатиот Емилијано Сала.

Сала беше член на Нант повеќе од три години, за тоа време минато во овој клуб од Франција тој запиша 120 настапи и постигна 42 погодоци. Во негова чест, Нант се реши да го повлече дресот со број 9 што е голем гест на клубот.

Сите натпревари викендов во Франција ќе започнат со едноминутно молчење поради смртта на Емилијано Сала.