Нант службено од Кардиф си ги побара парите за трансферот од Емилијано Сала иако играчот од Аргентина го загуби животот во авионска несреќа.

Нант сака да ги наплати своите 17 милиони евра за трансферот на Сала, ова го објави „BBC“ од Велс, ФИФА го потврди трансферот неколку часа пред да полета авионот . Од Кардиф за „BBC“ изјавиле дека клубот ќе ги исплати парите кога ќе завршат сите процедури околу авионската несреќа.