Демонстрациите на афроамериканското население во САД се шират и стануваат сѐ понасилни. Запалени се полициски автомобили, уништени продавници, горат кафетерии на Старбакс…

Во Атланта демонстрантите го нападнаа ТВ центарот на СНН.

Ги каменуваат полицајците кои го бранат, ги гаѓаат со чадни бомби, но и со ножеви.

Демонстрантите цело време провоцираат и снимаат со мобилни телефони за да фатат најмал недозволен чекор на полицијата.

Пред да го нападнат телевизискиот центар, масовно се движеа кон него.

Најмалку три полицајци се повредени, а упасени се повеќе демонстранти.

Протестите ескалираа поради смртта на еден Афроамираканец во Минеаполис, кој буквално беше загушен со нога на вратот од страна на полицаец при апсењето.

Полицаецот е уапсен и ќе одговара за убиство, но тоа не ги смири демонстрантите.

Бранот незадоволство се шири низ цела Америка.

Се случува вистински хаос.

Извор. СНН, АП