Напишани 10.000 сообраќајни казни за 20 дена

Сообраќајните контроли се неминовни ако сакаме да се стави ред во сообраќајот, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

,, За 20 дена имаме над 10.000 казни коишто беа изречени на прекршителите во делот на сообраќајот. Тоа покажува дека се зголемува внимателноста на сообраќајот, имаме намалување на сообраќајните незгоди и прекршоци во зачестените контроли. Овие контроли ќе траат во континуитет, бидејќи само континуитетот во работењето на МВР дава трајни резултати коишто ја подобруваат безбедноста“-вели Спасовски.