Напнато во Сребреница

Централната изборна комисија на Б и Х одобри повторно пребројување на гласачките ливчиња на пет избирачи места и одобри Општинската комисија да ги отвори вреќите со ливчиња.

Образложението е дека не е возможно да се отстранат недоследностите во досегашните резултати од броењето.

Зградата на ОИК ја чуваат специјални сили на Република Српска.

Кандидатот на обединетите српски партии Младен Грујичиќ кој има повеже од 2000 гласови од неговиот противкандидат претходниот градоначалник Дураковиќ, изјави дека се надева дека до петок ќе заврши пребројувањето и конечно ќе се знаат резултатите.

Партиите на бошњаците не ги признаваат резултатите.