Направено е првото сино вино во светот

Дали би пробале? Направено е првото сино вино во светот !
Една шпанска компанија ја искомбинира традицијата на својата земја и индустрија добивајќи уникатен производ – сино вино! Комапнијата „Гик Блу“ комбинираше црвено и бело вино со органски пигменти и вкусови и направи слатко сино вино.
– „Виното настана како забава. Измешавме сосотојки за да видиме што ќе добиеме. Сакавме иновација и започнавме мала револуција, а винската индустрија ни изгледа како совршено место за такво нешто“ – изјави еден од иноваторите на ова вино Арик Лопез.
%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%be-%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%be
Почетниот проблем бил тој што никој од неговата околина немал искуство со правење на вино, па помош побарале на Баскискиот универзитет, каде тим од хемичари поминале две години за да им помогнат и да ја искомбинираат природата и науката за да добијат сино вино. Ова вино се добива со мешање на различни сорти на црвено и бело вино со два органски пигменти кои му даваат сина боја. Добиениот вкус е подобрен со бескалорични засладувачи за да се добие производ кој не е само вино туку и своевиден коктел кој во устата остава благ и сирупест вкус.
– „Во прв момент луѓето не веруваа дека продаваме сино вино,но кога го пробаа,го засакаа. Сега се враќаат по уште – изјавил Енрике Исаси од мадридскиот ресторан „Суши Артист“, еден од првите во Шпанија кој на своите муштерии им го понудил овој производ.
Сепак,во Шпанија има и многумина кои сметаат дека ова е „анти-вино“, затоа што традицијата на винарството во таа земја е многу стара и почитувана, па оваа варијанта им е крајно неприфатлива.