Напредњаците го обвинија Николиќ дека работи против Србија

Информацијата дека актуелниот српски Претседател Томислав Николиќ ќе се кандидира на претстојните претседателски избори, предизвика вистинска бура на политичката сцена, посебна кај Српска напредна странка и нивните коалициски партнери.

Потпретседателката на Владата и блиска соработничка на Вучиќ Зорана Михајловиќ не бираше зборови против Николиќ. Го обвини дека дека Николиќ се свртел против Србија, СНС и Александар Вучиќ. Не сакам да верувам во тоа и го повика јавно да го каже тоа. Ова е почеток на крајот на политичката кариера на еден од основачите на СНС-изјави Маихајловиќ.

Претходно реагираа и сите коалициски партнери на СНС , кои рекоа дека сега уште посилно ќе го подржат Вучиќ.