Насилно иселување со политички шмек

Со кршење на влезните врати од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ насилно беше иселен Центарот за современа ликовна уметност (ЦСЛУ) во Прилеп. Оваа просторија една од најстарите ликовни колонии ја користи повеќе од 20 години, но директорот на ЦК Тони Чатлески вели само се спроведува судска одлука, а Министерство за култура сака да си ги врати просториите во владеење.

Но, од друга страна раководителот на ЦСЛУ Горан Ристески вели дека постојат две причини поради кои власта насилно ги исфрла од просторијата која ЦСЛУ досега ја користеше.

„Првата причина е од личен карактер, тоа е желба на директорот на Центарот за култура Тони Чатлески, кому му пречи прилепската колонија која е една од најстарите на Балканот и која догодина ќе слави 60 години постоење. Втората е од политички карактер. На власта ѝ пречатат презимињата Бабиќ и Јанески, односно проопозициската определба на двете семејства кои сиве овие години несебично се трудат да ја продолжат традицијата на колонијата. Таква беше политичката опција на неодамна починатиот прв човек на ЦСЛУ Диме Јанески, на неговата сопруга Гордана Бабиќ-Јанеска, на нивната ќерка Јана Јанеска-Ристески. Исто така, нивниот син, новинарот и граѓански активист Огнен Јанески важи за силен критичар на политиките на актуелната власт, а со идентични ставови е и неговиот вујко, актерот Марин Бабиќ. Ете затоа ЦСЛУ мораше да биде иселен на ваков насилнички начин“, вели Ристески.

Повеќе на Публикум