Насилство и безредие, масакрирањи кучиња, се најавуват големи протести!

Насилство и комплетно безредие – КУЧИЊА МАСАКРИРАНИ со секира среде Аеродром, една од најурбаните општина во Скопје!-реагира здружението за заштита на животни, Анима Мунди.

,,Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело, се е само празен збор на хартија – повторно фрапантен случај на насилство во Аеродром каде се убиени 2 мирни бездомни животни, миленици на жителите. Едното најдено мртво, другото испушти душа во најлоши маки на пат до ветеринарна станица каде го носеа и се обидуваа да го спасат Daisy Family Rescue.Тие и повикаа, пријавија во полиција.


Сведоци сме на комплетно бесредие, нарушување на јавен ред мир, загрозување на безбедноста на се што е живо. Ниту едно ветување за похуман третман на животните, ниту една процедура, закон или пропис, ништо не е унапредено!

Активистите за правата на животните се излажани како никогаш досега, со фрапантни случаи на насилство и институционално (масовно) убивање на бездомните животни се соочуваме буквално секој ден! На кривични пријави за мачење на животните не се постапува (Пехчево, Штип), а камо ли по претставки за Законот за заштита и благосостојба на животните.

Системот е во колапс, не функционира ништо.Не ли се најде итно сторителот – кој не може да е недостижен и невидлив во населба која е пренаселена и има камери на секој чекор – повторно масовно ќе се протестира низ улиците на Скопје и улиците на другите градови! Ниту доверба ниту трпение имаме повеќе, протести ќе има, да не биде изненаден никој“-велат од Анима Мунди.
@Влада на Република Северна Македонија , Министерство за внатрешни работиAgencija za hrana i veterinarstvo/fva.gov.m