Денеска се навршуваат 56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, кога загинаа над една илјада негови жители. Пред 56 години светските медиуми немаа можност да известат за катастрофалниот земјотрес и за неговите последици веднаш , во истата минута или секунда, како денес, туку голем број весници тоа го направија дури во утрешните изданија или евентуално во вонредни изданија за кои повторно треба неколку часа подготовка.

Потсетуваме како изгледаа насловните страници на некои домашни и светски медиуми.

Југословенска Политика издаде вонредно издание
Paris Match издание од 10 август, број посветен на скопскиот земјотрес
The New York Times
Загрепски,, Вјесник“, наслов ,,Скопје во сите наши срца“
Имровизиран прес центар, новинари пишуваат на машини за чукање, не постојат мобилни телефони, нема компјутери

Фотографии преземени од Томислав Османли