Настрадаа најмалку 23 лица по напад со молотов коктел на еден бар во Мексико(видео)

Најмалку 23 лица настрадаа во пожар по нападот на еден бар од страна на неколку лица, кои фрлија молотов коктел внатре, а потоа избегале.

Трагедијата се случила во едно мало место во сојузната држава Веракруз.

Нападнат е локалниот бар ,,Кабаљо Бланко“, а засега се идентификувани телата на 8 жени и 15 мажи. Ранети се најмалку 13 лица, но локалните власти стравуваат дека ова не е конечната бројка на загинати.