Нацоски: ,,Теrme di Caracalla“ во Рим го одбија и Ерос Рамацоти…

Не стивнуваат реакциите по шокот што го приреди Артан Груби со ,,окупацијата“ и сквернавењето на храмот на уметноста, МНТ со непримерно и недолично славење на јубилеј на навивачка група.

Македонскиот оперски пејач со светска кариера, Благоја Нацоски, кусо го искоментира скандалот:

,,Пред неколку години имаше обид Ерос Рамацоти да има концерт во познатите ,,Теrme di Caracalla“ во Рим, каде од 1937 традиционално се изведуваат оперски и балетски претстави, како и првиот концерт ,,Три тенори“ во 1990. Предлогот Ерос да има концерт таму беше одбиен со образложение дека тоа е место за ,,висока култура“. Толку од мене! “-напиша на својот ФБ профил нашиот познат оперски пејач.