Најдобриот судиски пар, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се делегирани да ја делат правдата на средбата меѓу Катар и Унгарија во третото коло, натпреварот се игра денеска а е дел од групата „Д“. Начевски и Николов на Мундијалот во Германија  и Данска  веќе го судеа натпреварот меѓу Шведска  и Египет и добија одлични оценки за арбитражата. 

Начевски – Николов

Начевски и Николов  имаат континуитет на големите натпреварувања и  заедно со ракометната репрезентација на Македонија се вистински спортски амбасадори на македоснкиот ракомет и спорт воопшто.