Нашиот глас, наше оружје

,,Нашиот глас е наше оружје”- порача лидерот на социјалдемократите Зоран Заев обраќајќи се на крајот од протестниот марш, организиран од Граѓанска иницијатива и поддржан од СДСМ и опозицијата.

,,Испишуваме историја, уриваме режим, отвораме пат на животот. Слушнете сите, денешниот марш, нашиот марш е марш на нашиот глас. Овој марш веќе најави-Гласот победува! Придружете се! Победува граѓанска Република Македонија” – рече Заев.

Не случајно е избран овој ден, денеска, на овој светол датум 11-ти Октомври, гласно потврдивме, рече Заев и додаде:

– Да, борбата продолжува! Се излеавме илјадници токму денес на Денот на народното востание, на Денот на антифашистичкиот отпор, застанавме овде во паркот „Жена борец“ во чест на жените борци за да порачаме дека нивната борба за слобода е и наша борба за слобода. Нашето оружје е нашиот глас – рече Заев.

silvana-3 silvana-4

Заев рече дека е дојдено време да им се одземе државата од рацете на мафијата и фамилијата на Никола Груевски, дојдено е време за враќање на парите на граѓаните, се што украдоа, се ќе вратат-рече Заев..

„Ние граѓаните склучивме сојуз, поединци, групи, граѓански здруженија, шарени, леви партии, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, ние граѓаните на Македонија го кренавме нашиот глас….”

%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b8%d1%9a%d0%b03 %d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b8%d1%9a%d0%b0

Големиот граѓански марш започна од пред новото седиште на СЈО, на крстосницата меѓу Рузвелтова и Партизанска со што повторно им се даде симболична поддршка за нивната работа, а потоа реката од илјадници луѓе од сите краишта на Македонија се слеа кон Рекорд , а потоа и пред Собрание на РМ каде се одржа музичка програма и обраќање на повеќе граѓански активисти, кои бараат промени, реформи и решавање на политичката криза со одржување на избори на 11-ти декември.

Граѓанските активисти-иницијатори на граѓанскиот марш ја предводеа поворката.

%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%82 silvana

Кај медиумите внимание предизвика заедничото чекорење на Верушевски и Заев, кои еден до друг исто така беа на чело на граѓанскиот марш.

%d0%b2%d0%b5%d1%80%d1%83%d1%88 %d0%b2%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%b06

ako.mk