Најмалку четворица загинати во превртениот автобус на Дурмо-турс

Директорот на ГОБ 8 септември, Христијан Костов, изјави дека во нивната болница досега се донесени 35 повредени патници, но 4 од нив веќе биле мртви, а уште еден е во тешка состојба и лекарите се обидуваат да го реанимираат.

Костов рече дека очекуваат уште десетина повредени, а според неговите сознанија сите педесесетина патници во тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово се повредени.

На патот Скопје-Тетово се преврте автобус полн патници.