Најмалку 13 загинати во тешката сообраќајна несреќа

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека 13 лица се загинати во тешката сообраќајна несреќа, при превртување на автобус на патот Скопје – Тетово.

За жал се стравува дека ова не е конечна бројка, бидејќи некои од повредените се во тешка здравствена состојба.