Најновата снимка покажува дека украинскиот авион е урнат со две ракети(видео)

Американскиот весник ,,Њујорк Тајмс“ објави уште едно видео на кое се гледа дека украинскиот авион бил гаѓан со две ракети од страна иранските воени сили.

Ракетите се испалени во рок од 30 секунди.

Весникот наведува дека видеото е закачено на социјалните мреѓи од страна анонимен корисник, а камерата била монтирана на покрив на згарада во селото Бидкан, во предградието на Техеран

Ројтерс објави дека авторот на ова видео е уапсен.

Во авионот ,,Боинг 737“ на укринскиот авиопревозник загинаа сите 176 патници и членови на екипаѓот.

Извор и фото: Спутник