Најнова вест: Цела Италија во карантин, се забрануваат јавни собири, спортски натпревари …

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, вечерва објави дека мерките за карантин поради корона вирусот се прошируваат на цела Италија.

Тоа значи дека на неопределено време се суспендираат сите спортски натпревари, се забарнуваат јавните собири и се ограничува движењето низ целата земја.

Италија е најтешко погодена со корона вирусот и досега има 463 смртни случаи и над 9.000 заразени.

Околу 60 милиони жители ќе бидат ставени во ефикасен карантин, а најстроги мерки ќе бидат воведени во северните покраини и некои централни области, пренесува Скај њуз.

Како што пренесе Би-Би-Си, Премиерот Конте им порачал на Итлијаните во наредните денови да останат дома, за нивно добро.

Ќе се дозволи движење само во нужна потреба и заради одење на работа.