Најскапиот стан во Белград продаден за 9.013 евра по квадрат или вкупно 883.000 евра

Станбениот простор во Белград достигнува вртоглави цени.

Според последните статистички податоци во комплексот ,,Белград на вода“ квадратен метар е продаден за неверојатни 9.013 евра за квадратен метар.

За станот сопственикот платил 883 илјади евра.

На Врачар за стан строградба е платено 4.300 евра квадрат.

На Копаоник, на пример, за 27 метри квадратни гаража идниот сопственик уплатил 90.000 евра, или еден метар квадратен, 3.300 евра.