Најскапиот теренец на ,,Ролс Ројс” ќе чини 350.000 евра

 

Новиот модел на теренец на ,,Ролс Ројс” , кој беше претставен со објавување на фотографија од изгледот на моделот ,,Кулинан”, името е по најголемиот дијамант во светот, веќе го привлекува вниманието заради дизајнот , но секако и заради цената.

Компанијата потврди дека џипот се произведува и дека треба да се најде во продажба до 2018, најверојатно за цена од 350.000 евра.

Автомобилот ќе биде директен ривал на познатиот теренец на   „Бентли“ , кој веќе е на пазарот од оваа година.