Најскапо платениот советник на Заев лаже дека живее во Париз?

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антомио Милошоски , објави писмо до Антикорупциската комисија, наводно од вработени во влада кои укажуваат дека најскапо платениот советник на премиерот Заев, Љупчо Зафировски, е должник и лаже дека живеел во Париз и има био какви врски со кабинетот на францускиот претседател Макрон.

Милошоски вели дека вработените во писмото укажуваат на следното:


1. Советникот на премиерот Заев, Љупчо Зафировски, со специјални контакти со кабинетот на францускиот претседател Макрон, лаже дека живее во Париз, како што излажа и премиерот Заев.
2. Љупчо Зафировски поради долгови кон доверители во Македонија, нема никаква сметка во државава, па месечната плата од 1.200€ му се исплаќа на сметка во Србија, што кон доверителите е кривично дело измама кое го прави советникот, а Премиерот е соучесник
3. Советникот со примањето на плата надвор од Македонија веројатно го избегнува и плаќањето на данок во Македонија!
4. Ангажирањето на вакви советници е срам за Македонија и навреда за Франција! -пишува Милошоски на социјалните мрежи.

Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“.

Ова е единствената информација за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра.