Најчевска: Ејуп Рустеми до сега требало да биде санкциониран, а не поставен на друго директорско место

Според Законот за јавните претпријатија, Ејуп Рустеми до сега требало да биде снкционирн по рани основи, смета професорката Мирјана Најчевска, место да добие ново директорско место во Државни патишта.

,,Тој требло да биде повикан на одговорност заради повеќекратно поднесување на негативен извештај за работа (член 5 од Законот за јавни претпријатија)-

– повикан на одговорност од страна на Управниот одбор (член 19 и 24 од Законот за јавни претпријатија)

– повикан на одговорност затоа што не ги отстранил негативностите во работењето во рок од 6 месеци (член 23-а од Законот за јавните претпријатија)

– да одговара солидарно и неограничено за нанесената штета (член 24 од Законот за јавните претпријатија)

– разрешен од функцијата (член 24-а од Законот за јавните претпријатија)

Според мене во овој случај треба да се разгледа можноста за покренување постапка врз основа на член 353 од Кривичниот законик – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Мислењата се поделени. Според моето мислење уништено е јавно добро, нанесена е огромна штета и едно јавно претпријатие е доведено до пропаст. Во таква ситуација тој кој што раководел треба да биде санкциониран (Управен одбор, Надзорен одбор и директор).Мислењето на Владата е дека овој човек треба да добие ново директорско место во друго јавно претпријатие“-пишува Нјчевска.

Фото: МИ