Најчевска: Инфомакс не е медиум, туку разгласна станица на ВМРО ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска излезе со свој коментар во врска со најавите на премиерот Заев и министрите Шекеринска и Димитров дека ќе ги тужат порталите кои објавија дел од наводниот записник од изјавата на Орце Камчев пред обвинител за случајот Рекет. Спомнатите во текстовите на некои портали, тврдат дека спомнувањето на нивните имиња како инволвирани во Рекет , е измислица, лага и клевета.

Мирјана Најчевска пишува:

,,Прво, Инфомакс не е медиум туку разгласна станица на ВМРО-ДПМНЕ.
Второ, Инфомакс во повеќе наврати и од страна на повеќе субјекти и организации е идентификуван како создавач и пренесувач на лажни вести, дистрибутер на говор на омраза и поттикнувач на омраза и насилство.
Трето, доколку веќе има пресуди против нив токму за ширење на лажни вести мислам дека секое наредно дело треба да се смета како дел од продолжено кривично дело и соодветно да се димензионира и казната.

Во моментов мислам дека против нив не е доволно и не треба да се водат индивидуални постапки, туку да се поднесуваат кривични пријави со цел соодветно санкционирање.

И не мислам дека новинарската фела треба да застане во одбрана на злоупотребата на слободата на говорот, туку да ја осуди токму со цел заштита на истата таа слобода“- пишува професорката Најчевска која е истакнат поборник за слобода на говор и противник на говорот на омраза.