Најчевска: Не верувам во коинциденции, големата небрежност е умисла

Професорката Мирјана Најчевска реагираше на својот ФБ профил по пожарот во кој изгореа бараката на Завод за урбанизиам и на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ , каде што е научен советник.

Таа предочи неколку факти и неколку претпоставки:
1. Факт е дека Заводот за урбанизам е повеќе години напуштен.
2. Факт е дека има стечаен управител кој не го заштити имотот под своја надлежност.
3. Факт е дека во повеќе наврати Институтот пријавуваше до надлежните дека има опасност од поплава или пожар поради негрижата за објектите под стечај.
4. Факт е дека во овие објекти се наоѓаат незаштитени архивски материјали.
5. Факт е дека во целото постоење на Институтот вакво нешто не се случило.
6. Факт е дека Институтот се бори подолго време за утврдување на сопственичкиот статус.
7. Факт е дека пред недела дена почнаа градежни работи веднаш до Институтот кои веднаш резултираа со неколку хаварии.
Работите не се случуваат случајно. Јас ете не верувам во коинциденции.
А и да не заборавиме: Culpa lata dolus est(големата небрежност е умисла).-пишува Најчевска на својот ФБ профил.