Најчевска: Ректорот Јанкуловски со допис уценува да се формира синдикат под негова контрола

Професорката Мирјана најчевска на својот Фб профил реагира на дописот што го упатил ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

Таа вели дека тој врши притисок и уцена да се формира синдикат кој ќе биде под директна контрола на генералниот секретар на ректорот.

,,Ректорот на УКИМ Јанкуловски (работодавач) денес(вчера,20.02.2020-н.з.) испрати допис до сите декани и директори на единиците на Универзитетот. Со овј допис ректорот (како работодавач) им наредува? наложува? ги поттикнува? ги уценува? вработените во високото образование да формираат синдикат (кој ќе биде под директен надзор на генералниот секретар на работодавачот, кој ќе му ги дава сите информации на генералниот секретар на работодавачот и кој ќе постапува согласно налозите на генералниот секретар на работодавачот).


Во дописот се поттикнува прекршување на законите на повеќе нивоа, се атакува на доброволноста на здружување и се врши најотворена уцена со закана: ако не го направите ова на начинот на кој ви диктира ректорот нема да има покачување на платите од 10%.
Што претставува овој допис освен директно кршење на Уставот, законите и поимот на синдикално здружување?“-прашува Најчевска.

Таа вели:


1. Со тоа се атакува врз независниот академски синдикат кој почна да се перцепира како реален заштитник на правата на вработените во високото образование и партнер во преговорите со власта.
2. Се девалвира колективното договарање (колективниот договор се сведува на еднократно покачување на платите, наместо комплексна заштита на вработените во високото образование и борба за квалитетно и некорумпирано високо образование).
3. Отворено се манипулира и академската и пошироката јавност со лагата дека не може да се покачат платите во високото образовнаие без постоење на колективен договор.

На овој начин се создаваат услови ништо да не се промени во високото образование, тоа да остане ќенеф на корупцијата и диссеменацијата на незнаење и медиокритетство, да се оневозможи било каков исчекор кон квалитетно образование и пред се, се дезавуира поимот на синдикалното здружување.

Во моментот кога ќе помислам дека во Македонија е достигнато дното, ќе осознаам дека тоа било само работ на бездната во која тонеме-пишува Најчевска.

Најчевска го објави дописот:

,, Од стана на министерот за образование и наука беа повикани ректорите и генералните секретари на јавните универзитети во РСМ.
На состанокот, од страна на министерот, беше кажано дека се планира зголемување на платите на вработените на јавните универзитети во висина од 10% на буџетскиот дел со исплата на платите почнувајќи од платата за јануари 2020 година.
За таа цел, а согласно Уставот дека работниот однос се уредува со Устав, закон, колективен договор и договор за вработување, потребно е да се склучи колективен договор согласно член 220 од ЗРО. За да се склучи колективен договор потребно е да се формира Синдикат на вработените на УКИМ. (Член 220: Поединечен колективен договор за јавните претпријатија и јавните установи склучуваат основачот или органот кој тој ќе го овласти и репрезентативниот синдикат кај работодавачот.) “-пишува во дописот чиј дел го објавуваме со печатните и правописни грешки на кои укажува Најчевска.

Извор: Преземено од ФБ профил на професорката Мирјана Најчевска