Неверојатна сообраќајна несреќа се случила во Полска. Цистерна што превезувала 15 тони чоколадо се  превртела на автопатот помеѓу Варшава и Познан во јужна Полска. Се уште не е позната причината за овој необичен инцидент во кој возачот на цистерната се здобил со повреда на раката. Неколку часа сообраќајот бил во прекин додека комуналните служби го чистеа чоколадото од асфалтот.

 

Полицијата соопштува дека на автопатот имало слој течно чоколадо дебел пет сантиметри и дека по излевањето  почнало бргу да се стврднува.

“Изгледаше како да има големо парче чоколадо на патот “велат очевидците.