Филипинските власти соопштија дека при проверка на патнички багаж, во неколку торби и куфери се откриени 1.529 живи желки наменети за црниот пазар во оваа земја.

Егзотичните желки биле донесени од патник кој патувал од Хонг Конг, а четирите торби и куфери ги оставил на аеродромот.

Желките биле залепени со леплива лента

Трговијата со диви и егзотични животни е кривично дело и се казнува со две години затвор и парична казна.