Оваа година, на традиционаланата воено-полициска парада во Сантијаго, овие 40 дневни Златни ретривери, веројатно ќе парадираат рамо до рамо со нивните дресери, но и колеги војници и полицајци, како издресирани полициски кучиња.

Девет бебиња златни ретривери, минатата година парадираа заедно со нивните пораснати колеги, кучиња полицајци или полициски кучиња.

45-дневните кутриња , минатата година во септември, беа претставени како најновите членови на единицата за обука на кучиња за национална полиција.

Тие се обучуваат за полициски потреби. Се специјализираат за лов на криминалци, пронаоѓање дрога и оружје.

Од присутните, претседателот на Чиле, воените старешини, генералите и публиката се поздравени како вистински полицајци и војници.

Повеќе од 9.500 војници учествуваа на парадата околу паркот О’Хигинс во Сантијаго. Парадата ја одбележа 208-годишнината од почетокот на борбата на Чиле за независност од Шпанија во 1810 година.