Околу 2.000 луѓе дојдоа на комеморацијата во чест на 57 загинати канадски државјани во ракетираниот украински авион веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран.

Иран призна дека по грешка го ракетирале патничкиот авион во кој имаше 176 патници и членови на екипажот.

Сите загинаа.

Комеморацијата се одржа на Универзитетот во Едмонтон, на која присуствуваше и премиерот Џастин Трудо.