Полицијата ноќта на 5 мај 2015 година по протестите што ги организираше Студентски пленум откако опозицијата (СДСМ) објави ,,бомба“ за случувањата на денот на убиството на Мартин Нешковски, упадна во библиотеката ,,Браќа Миладиновци“ во Скопје каде од читалната ги вадеше со сила студентите, под обвинение дека тие учествувале во насилни протести пред владата.

 

 

Зоран Заев лидер на СДСМ  објави  аудио снимки, во кои поранешниот премиер Никола Груевски, шеф на разузнавањето Сашо Мијалков,  министер за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и други официјални претставници, разговараат за тоа како да се прикрие убиството.

Нешкоски беше поддржувач на ВМРО ДПМНЕ кој на денот на неговото убиство  ја славеше изборната победа на Груевски. Еден член на обезбедувањето на премиерот и припадник на специјална полициска единица веќе обвинет за неговото убиство и е осуден на 14 години затвор.

Повеќе од 1.000 луѓе се собраа  вечерта кога беше објавена бомбата пред зградата на владата во знак на протест за убиството на младиот Нешковски.

“Убијци, убијци”, извикуваа демонстрантите и го пробија полицискиот кордон во еден момент, но беа спречени да влезат во зградата на владата. Демонстрантите исто така, бараа од  владата на Груевски  да поднесе оставка. Судирите почнаа кога некои почнаа да фрлаат предмети кон полицијата.

Студентски пленум тогаш на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа како специјалци влегуваат во читалната на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и насилно извлекуваат студенти под сомнение дека се демонстранти, бидејќи според полицијата „никој не подготвува испит во 11 навечер“.

Многу од студентите кои беа повредени истата вечер поставуваа видео докази за тоа на социјалните мрежи.

 

Никој не одговараше за ова насилство и бруталност на полицијата врз студентите кои беа во читална ,,Браќа Миладиновци“ чиј директор тогаш беше Филип Петровски.

 

АКО.мк