На денот на дрвото исечена млада шума на Пелистер

 

,,Дали ова е сонот за пошумена Македонија?
Пошумување или непланско сечење на дрва во национални паркови?
Фотографиите се од националниот парк Пелистер од преспанската страна кај селата Брајчино и Љубојно,,-објави на својот ФБ профил неформалната група Ресен Протестира.

Тие постираа повеќе фотографии направени на денот на спроведување на акцијата за пошумување Ден на дрвото.

 

%d1%81%d0%b5%d1%87%d0%b06%d1%81%d0%b5%d1%87%d0%b02

Според, неофицијални сознанија, наводно сечата му е доверена на човек од Бузалково, кој има дозвола за отстранување на заболени дрвја, но на теренот тој го полни камионот со здрави и млади дрвја, кои потоа ги препродава.

Повикуваат надлежните да го истражат целиот случај.

ФБ страницата ги поддржуваше активностите и протестите на Шарена револуција.