,,Само за да разјаснам … Не стоев до него. Стоеше до мене. (Имам 2 номинации оваа година;)) @ Долби театар 6801 Булевар Холивуд Холивуд, Калифорнија 90028“.

Вака Тамара Котевска, која заедно со Љубомир Стефанов го режираа ,,Медена земја“, кој е во официјална конкуренција за Оскар за најдобар документарец и најдобра странски филм, информираше за нејзиното присуство на заедничиот настан на сите номинирани за Оскар.

Тамара Котевска веднаш до Леонардо ди Каприо, зад нив е Роберт де Ниро

Екипата на македонскиот филм објави повеќе фотографии од овој престижен настан.

,,Медена земја“ е добитник на бројни награди.

Режисери се Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцент Атанас Георгиев, сниматели Фејми Даут и Самир Љума, монтажа Атанас Георгиев, музиката е на Фолтин.