На инаугурацијата на Милановиќ се поканети само 39 гости

Зоран Миланивиќ денеска и официјално ќе ја преземе должноста Претседател на Република Хрватска.

Тој одлучи да направи скромна инаугурација и без досегашните протоколи.

На свеченоста се поканети само 39 гости и тоа двајцата претходни претседатели, официјални претставници на државни институции согласно Уставот, членови на семејството и негови соработници од изборниот штаб.

Примопредавањето ќе биде извршено во претседателската палата, а не како досега на главниот плоштад во Загреб-Марков трг.

За Милановиќ ова е нормално, бидејќи и функцијата Претседател е работа како и секоја друга и нема потреба да се прават спектакли.

На овој начин ќе бидат заштедени пари и ќе биде се’ многу поедноставно, смета тој.

Зоран Милановиќ побара да биде ослободен од обврската за помилување бидејќи не се чувствува како монарх и предлага таа работа да ја извршува Министерството за правда.