Санкционирани се продавачи на земјоделски производи на јавна површина, од страна на комуналните редари на Испекторат на Град Скопје.

Покрај тоа што се стационирани под Железнчката станица и сериозно го загрозуваат јавниот ред и хигиената наоколу, тие оставаат големи количини смет зад себе.

Изречени се 6 казни, но проблемот не е решен, бидејќи тие кусо време по заминувањето на комуналните редари, се вратија на старите позиции.